Министерот Дураку лани по ресторани трошел по 700 евра месечно

Од:

Хотели во земјата и странство, дневници, ресторани, такси, ВИП-салони на аеродроми – дел потреби, а дел луксузирања на владините претставници и министрите, може да се утврдат од најновите податоци за трошењата во 2018 година што ги објави Владата. Поголемиот број министерства, според податоците, ги зголемиле трошоците за овие намени во споредба со 2017 година.

Најголем трошач според податоците за минатата година очекувано се Владата и премиерот Зоран Заев, кои потрошиле над 142 илјади евра за превоз, угостителски услуги, хотели. Од овие пари, над 58 илјади евра потрошил премиерот.

По него, на листата се наоѓаат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вицепремиерите Бујар Османи и Кочо Анѓушев, поранешниот државен секретар во МНР, Виктор Димовски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Димитров потрошил околу 43 илјади евра, а речиси 30 илјади евра потрошил Бујар Османи. Најмалку пари за овие намени потрошиле министрите Роберт Поповски, Горан Сугарески и Зорица Апостолска.

Loading...

Loading…

Рекордери по трошење пари за угостителски услуги во ресторани се министерот за животна средина, Садула Дураку, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Министерот Дураку за 11 месеци потрошил приближно 7.600 евра за угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти. Османи во ресторани потрошил речиси 6.400 евра, а Фазлиу – 4.600. И премиерот Заев потрошил речиси 4 илјади евра за трошоци во ресторани, а по него следуваат Никола Димитров, Хазби Лика, Оливер Спасовски.

Инаку, Владата во 2017 донесе одлука дека премиерот, вицепремиерите, министрите без ресор, генералниот секретар, другите именувани функционери, како и членовите на обезбедувањето во Владата ќе смеат да трошат само по 30.000 денари месечно по ресторани и кафеани, очигледно оваа одлука не ја почитуваат Дураки и Османи, бидејќи нивните трошоци се многу повисоки.

Министерката за правда, Рената Дескоска, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се министрите што потрошиле најмалку пари за угостителски услуги.

Единствените што потрошиле пари за изнајмување возила во странство се Заев, Анѓушев и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.

Повеќето функционери очигледно не преферираат да користат јавен превоз – тоа минатата година го сториле единствено Едмонд Адеми, Драган Тевдовски, Зоран Шапуриќ, Рената Дескоска и Дамјан Манчевски, кој потрошил 300 денари за јавен превоз. Адеми трошел и за возење со такси, исто како и министерот за здравство, Венко Филипче, кој потрошил околу 250 евра за такси за 11 месеци.

Најмногу пари за хотелско сместување во странство потрошил министерот Никола Димитров – речиси 10 илјади евра, потоа следуваат премиерот Заев и Бујар Османи, кои потрошиле двојно помалку од Димитров. Драган Тевдовски потрошил 4 илјади евра за хотели во странство, Шекеринска малку над 3 илјади евра, исто колку Анѓушев и Филипче.

Деветмина функционери во 2018 година користеле пари за закуп на стан бидејќи не живеат во Скопје. Најмногу пари се одвојуваат за министерот без ресор Аксел Ахмедовски, односно 4.684 евра за 11 месеци, што значи дека закупот чини 425 евра месечно. Стан под закуп користел и министерот Љупчо Николовски за кого се одвојувале 4.414 евра за 11 месеци исто како и за министерот Бектеши.

Корисници на станови биле и Асим Муса, Гоце Чакаровски, Тахир Хани, Кирил Парталов, Рамзи Мехмеди и Билен Саљији.

Би можело да ве интересира

Реакции за Дураку: „Интернет експлорер“ му овозможи уште една функција во Владата

(ВИДЕО) Дураку: Прашајте го Ахмети дали ќе ме сменат од министерското место

„Охрид СОС“: Ново парапетче на Охридското Езеро додека Заев нема контрола врз државата