Министерот Џафери во посета на македонските мировници во „Алтеа“ во БиХ

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска престојува во посета на контингентот од Армијата на Република Македонија која е во рамки на ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

За време на посетата на медицинскиот тим во кампот Бутмир, во Сараево, министерот Џафери, соопшти денеска МО, посочил дека македонските мировници во континуитет ги прикажуваат своите вештини и способности, што недвосмислено укажува на мисијата на АРМ како постојан придонесувач кон глобалниот мир, стабилност и безбедност.

Министерот Џафери положил и цвеќе на споменикот на трагично загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.

Припадниците на контингентот Алтеа-14 во операцијата ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина извршуваат поголем број задачи, со фокус на давање медицинска поддршка за ЕУФОР-АЛТЕА и за персоналот во базата „Бутмир“ во Сараево.

Република Македонија во мисијата АЛТЕА учествува од 2006 година и тоа со хеликоптерски деташман до 2008 година и со медицински тим, во моментов 14.ротација. Дополнително, од 2007 година, Република Македонија го зголеми своето учество со еден помошник-правен советник во Командата на ЕУФОР, додека од 2008 до 2012 година и со подофицер за превентивна медицина.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он