Министерот Џафери на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, на ниво на министри за одбрана, кој се одржува во Брисел.

Министрите за одбрана на НАТО и министрите за одбрана на земјите кои не се членки на НАТО, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан, на состанокот ќе го разгледаат прогресот во однос на транзицијата на одговорностите од НАТО на Авганистанските национални безбедносни сили.

Воедно, информираат од Министерството за одбрана, предмет на разговор ќе биде и ангажманот на НАТО по 2014 година, кога се предвидува целосно да заврши процесот на транзицијата на одговорностите.

Во рамки на состанокот министерот Џафери ќе ја поздрави одлучноста и посветеноста на НАТО и авганистанскиот државен врв во изградбата на националните одбранбени капацитети, и воедно ќе истакне дека Република Македонија го продолжува својот придонес во рамки на силите ИСАФ, и оти постои подготвеност за понатамошен придонес во новата мисија во Авганистан по 2014 година.

Би можело да ве интересира

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект