Министерот Димитров се сретна со египетската амбасадорка Ел Шинави

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес во проштална средба ја прими амбасадорката на Арапска Република Египет во Република Македонија, со седиште во Софија, Манал Јехиа Ел Шинави.

Министерот Димитров изрази благодарност и оддаде признание за придонесот на амбасадорот Ел Шинави во унапредувањето на билатералните односи за време на нејзиниот мандат во Република Македонија.

Тој истакна дека негувањето на политичкиот дијалог и развивањето на севкупната соработка со Египет е од интерес за Република Македонија, и во таа насока, на средбата беа разменети мислења околу можностите за натамошно унапредување на односите, заокружување на започнатите и отворање нови иницијативи за соработка.

Амбасадорот Ел Шинави ги поздрави активностите кои Република Македонија ги презема на надворешно-политички план и изрази уверување дека на египетско-македонските односи им претстои успешна иднина. Воедно, изрази благодарност за досегашната одлична соработка со институциите на Република Македонија, а посебно со Министерството за надворешни работи.

На средбата, меѓу другото, стана збор и за актуелните светски безбедносни предизвици, борбата против тероризмот и нелегалната миграција, како и за заедничките партнерски заложби за нивно успешно справување.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија