Димитров ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Косово Дедај

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес го прими новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Ѓерѓ Дедај, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Косово во Република Македонија.

Министерот Димитров, на амбасадорот Дедај му посака срдечно добредојде и успех во неговата дипломатска мисија во насока на понатамошниот развој на блиските и пријателски односи и соработката меѓу двете соседни земји.

На средбата беше искажана подготвеност од двете страни за натамошно градење добрососедски односи, интензивирање на дијалогот и унапредување на соработката на билатерален и регионален план. Министерот Димитров и амбасадорот Дедај разменија мислења и за актуелни надворешно-политички прашања од регионален интерес.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток