Министерот Алиу именуваше нови директори на клиниката за неврологија и на кардиологија

Од:

На Клиниката за неврологија за нов директор е поставен д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија д-р Даница Петкоска Спирова, потврдија од Министерството.

-Министерот за здравство, Азир Алиу за нов директор на Клиника за неврологија го именуваше д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија за нов директор е именувана д-р Даница Петкоска Спирова. Новоименуваните директори ја извршуваат оваа функција почнувајќи од 7.8.2025 (четврток), посочуваат од Министерството.

Воедно, нема одговор дали се планираат смени на директори на други клиники.

Д-р. Кузмановски доаѓа на местото на д-р. Фатмир Меџити, а Петкоска – Спирова на местото на Примариус д-р. Беким Поцеста.

Кузмановски е роден во 1972 година во Скопје. Вработен е на Клиниката за неврологија од 1996 година. Дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје со просечна оцена 9,12, а специјалистичкиот испит по неврологија го положил во 2002 година. Докторирал во 2016 година и е актуелен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Петкоска Спирова, истакнат субспецијалист кардиолог, дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 2007 година, а докторирала во областа на инвазивни техники за третман на каротидната артериска болест. Од 2011 година е вработена на Клиниката за кардиологија, каде што ги применува своите напредни дијагностички и терапевтски вештини стекнати и при престои во реномирани светски кардиолошки центри. Има бројни научни публикации во списанија со висок импакт фактор и е учесник во меѓународни научни студии од областа на кардиологијата.

Би можело да ве интересира

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Алиу: Ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести, ќе има тригодишна набавка

А1он

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Алиу: Примарната цел на законот за пушење не е да казнува, туку да превенира

А1он