Министерот Адеми: Не можам да ги разберам студентите

Од:

Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми денеска изјави дека не ја разбира реакцијата на студентите кои прогласија автономна зона на неколку факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Според него, тие имаат право да протестираат, но не би требало тоа да го прават на овој начин.

„Не можам целосно да ги разберам студентите бидејќи на нивно барање го одложивме законот за една година за да се остави простор за конструктивни разговори. Одложувањето на законот подразбира и привремено укинување до донесувањето на нов закон. Правото на протест е загарантирано, но тоа важи сè до моментот кога не се повредуваат правата на другите.Во моментов, се повредуваат правата на студентите и професорите коишто не можат да присуствуваат на нивните предавања на факултетите на коишто студентскиот пленум дејствува по нивната програма, таканаречената окупација или автономна зона“, рече Адеми.

Инаку, министерот закажа средба со работната група од УКИМ за во понеделник, каде ќе се разговара за концептот и текстот на Законот за високо образование.

Би можело да ве интересира

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Динамо Загреб на Аријан Адеми пријави четворица позитивни на Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Адеми бара настава со физичко присуство, онлајн настава ќе дозволи само ако биде принуден

Кристијан Ландов