Министерката Шекеринска во посета на Словенија

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со делегација од Министерството, денеска и утре ќе престојува во Република Словенија, на покана на нејзината словенечка колешка Андреја Катич.

Во рамки на посетата, Шекеринска ќе има средби и со претседателот на Словенија, Борут Пахор и потпретседателот на словенечката Влада, Дејан Жидан, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Утре министерката Шекеринска ќе учествува и на Бледскиот стратегиски форум, водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа која привлекува голем број шефови на држави и влади, министри, дипломати. На Бледскиот форум, најавува МО, ќе учествуваат и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

На првиот ден од посетата на Словенија, министерката Катич организира и работна вечера во чест на министерката Шекеринска и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

Утре министерката ќе се сретне со претседателот и членовите на Одборот за одбрана во словенечкиот Државен збор, а ќе ја посети и касарната Церкље, каде припадници на Армијата на Република Македонија во моментов посетуваат теоретска и практична обука за противвоздушна одбрана со лесниот преносен ракетен систем, наведуваат од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он