Министерката Јанкулоска имала сообраќајка, не е повредена

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска имала сообраќајна несреќа денеска на улицата „Првомајска“ во Скопје, но не е повредена и веднаш продолжила со работните обврски.

Во сообраќајната незгода нема повредени, а причинета била само материјална штета. На лице место веднаш бил извршен увид.

Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 11:30 часот кај маркетот Супер Тинекс, а во несреќата учествувало службеното возило на министерката.

Возилото на МВР „Фолксваген Пасат“ се судрило со автомобил „Фиат Добло“. Со автомобилот на МВР управувал возачот, додека минстерката била на патничко седиште.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски