Министерката Дескоска се сретна со Ламберто Заниер од ОБСЕ

Од:

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска се сретна со делегација од ОБСЕ, предводена од високиот комесар за национални малцинства Ламберто Заниер.

На средбата, како што информира Министерството за образование и наука, министерката Дескоска го информирала Заниер за формирањето на работните групи и отпочнатите реформи во основното и средното образование, како и за подготовката на новиот Закон за високо образование.

Фокусот на средбата, како што се наведува, беше ставен на образување на младите во духот на соживотот и толеранцијата.

– Треба да ги учиме младите да се почитуваат меѓусебно и да живеат заедно. Реформите во образованието се клучот за промени во останатите области во општеството, нагласила министерката Дескоска.

На средбата таа посочила дека Република Македонија е лидер во регионот во поглед на правото на образование на мајчиниот јазик на заедниците кои не се мнозинство.

– Министерството за образование и наука ќе биде отворено за соработка со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Заниер во поглед на остварување на заедничката цел – градењето соживот и унапредувањето на меѓуетничката интеграција и толеранција во Република Македонија, се вели во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци