Министерката Апостолска се сретна со грчкиот амбасадор Јанакакис

Од:

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари средба со амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис.

На средбата станa збор за економските релации помеѓу двете земји, при што од двете страни беше истакнато дека постои простор за понатамошно унапредување на бизнис врските.

Од страна на амбасадор беше нагласено дека постојат многу перспективи пред бизнис заедниците од двете земји.

Министерката Апостолска го информираше амбасадорот Јанакакис за позитивно искуство кое го има во зачестените контакти со претставници на грчката бизнис заедница, притоа истакнувајќи дека економски партнерства треба да се развиваат независно од политичките предизвици.

На средбата стана збор и за економското значење кое го има Коридорот 10 за двете земји, при што се потенцираше дека довршувањето на автопатското и железничко поврзување ќе создаде дополнителни позитивни услови за зајакнување на врските помеѓу бизнис заедниците.

Министерката Апостолска истакна дека добрата економска соработка може да даде позитивни резултати и во останатите полиња на односите помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени