Минчев во Кичево: ЗНАМ со сопствени листи за советници и план за локален развој

Од:

Минчев во Кичево: “Ќе ја вратиме довербата во локалните самоуправи – ЗНАМ со сопствени листи за советници и план за локален развој“

Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, оствари
средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и Кичево.

Минчев порача дека вистинската сила е во народот и дека ЗНАМ ја гради својата програма врз основа на реалните проблеми и потреби на луѓето:

„Не ветуваме чуда, туку решенија. За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити.“ – истакна Минчев.

Средбите во овие две општини беа искористени и за дијалог со младите, земјоделците и претставниците на локалниот бизнис, при што беа отворени клучни прашања како што се:

– иселувањето на младите
– нефункционалната администрација
– недостатокот на инфраструктурни инвестиции
– потребата од децентрализација

„Македонски Брод и Кичево не бараат милост, туку шанса. Нашиот план е јасен – ќе донесеме локални политики со вистинска финансиска поддршка и транспарентна реализација. Време е граѓаните да добијат институции што работат за нив, а не против нив.“ – порача Минчев.

Во таа насока, тој најави дека Движењето ЗНАМ ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж.

„Заедно со Вас, ќе понудиме луѓе со кредибилитет, интегритет и желба да работат. Ќе им дадеме шанса на нови лица од локалната заедница – млади, жени, активисти, кои знаат и сакаат да ја променат средината во која живеат.” – додаде Минчев.

Во рамки на посетата на Македонски Брод, генералниот секретар Горан Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на Општинската
организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница.

Движењето ЗНАМ продолжува со теренските посети низ целата држава, со цел градење на изборна програма што ќе произлезе од дијалогот со граѓаните, а не зад затворени партиски врати.

Би можело да ве интересира

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Ѓорѓиевски: Почна големото чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, мобилизирани сите јавни градски претпријатија

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема