А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Минатата недела 1.649 заболени од грип, сезонава 6.834 заболени

by А1он05/02/2015 - 15:11117
Share0

Во текот на петтата недела од годинава (од 26 јануари до 1 февруари) во Република Македонија се пријавени 1.649 новозаболени од грип, што во однос на минатата четврта недела од годинава претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи за 26,8 отсто.

Добивај вести на вибер

Според податоците од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, вкупниот број заболени од грип од почетокот на сезоната 2014/2015 заклучно со петтата недела од годинава изнесува 6.834 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип.

Споредено со бројот на заболени во петтата недела од минатата сезона, годинава се бележи намалување за 29,8 отсто, како и во однос на просечниот број заболени за оваа недела во изминатиот 10-годишен период, каде намалувањето на бројот на пријавени заболени лица изнесува 5,1 отсто. Споредено со истиот период минатата година постои намалување на вкупниот број пријавени случаи за 12,1 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 4,1 отсто.

Заболени лица за целата оваа сезона се пријавени во 30 од вкупно 31 извештајна единица, од кои во пет единици бројот на регистрирани заболени лица е ≤ 10. Нема регистрирани заболени лица само во Подрачната единица Берово.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци покажува дека во јануари пријавени се најголем број заболени лица на месечно ниво – 4.756 заболени лица или 69,6 отсто од вкупниот број на регистрирани.

Најголем број заболени од сезонски грип во текот на оваа сезона се пријавени на територијата на Центарот за јавно здравје Тетово – 1.576 (23 отсто). Поголем број заболени се регистрирани и на териториите на центрите за јавно здравје: во Куманово – 1.187, Скопје – 913 и Прилеп – 592.

Највисок морбидитет е регистриран во подрачната единица Дебар, а висок морбидитет се регистрира и во ПЕ Свети Николе, центрите за јавно здравје во Тетово и Куманово.

Во однос на возрасните групи, во сезоната 2014/2015 најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15 – 64 години, а најголем морбидитет е регистриран кај децата до 4-годишна возраст.

Од 26 јануари до 1 февруари до вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнаа 12 материјали за тестирање на грип, од кои седум се тестирани како позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца Б.

Од почетокот на сезоната 2014/2015, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје на Македонија анализирани се вкупно 78 хумани материјали добиени од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 20 или 25,6 отсто биле позитивни на вирусот на инфлуенца.

Од позитивните, седум материјали се конфирмирани како инфлуенца А (35 отсто), а кај 13 е докажано присуство на инфлуенца Б вирусот (65 отсто). Од инфлуенца А позитивните, еден материјал е конфирмиран како инфлуенца А/Х1Н1, четири се конфирмирани како инфлуенца А/Х3Н2, а 2 се нетипизирани инфлуенца А вируси.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Горан Наумовски27/08/2025 - 14:20

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Горан Наумовски11/08/2025 - 15:20

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Горан Наумовски07/08/2025 - 15:22

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен