Минатата година утврдени три случаи на дискриминација

Од:

Комисијата за заштита од дискриминацијата во текот на минатата година утврди три случаи на дискриминација по разни основи.

Во извештајот што денеска Комисијата го презентираше заедно со ОБСЕ се наведува дека во два случаи утврдената дискриминација се однесува по основ на личен или општествен статус, во еден случај по основ на телесна попреченост, пол, други видови уверувања, возраст и припадност на маргинализирана заедница.

Според Извештајот, Комисијата покренала  постапки по 35 претставки кои се поднесени и завршени во 2015 година. Во натамошна постапка од 66 обработени по спроведената истрага и утврдување на фактичката состојба, во 15 од обработените случаи Комисијата не утврди дека постои дискриминација. Во повеќе од 10 случаи Комисијата не постапила по претставките заради веќе поведена судска постапка, непостоење основ за дискриминација или заради тоа што Комисијата нема надлежност да постапува по нив.

Годишниот извештај содржи анализа на статистички податоци, презентација на конкретни случаи кои даваат јасна претстава за тоа кој е степенот на промена на состојбата од претходните години, како и посочување на стратегијата како да се постигне подобрување и напредок на полето на заштитата од дискриминација. Извештајот содржи и податоци за проактивното делување, за проектите кои ги има реализирано Комисијата во соработка со органите на државната власт, со невладините организации финансиски поддржани од меѓународни организации сè со цел за подигање на свеста на јавноста за проблемот на дискриминација, следење на дискриминаторските, како и создавање култура за почитување на човековите права, еднаквоста, толеранцијата и зголемување на ефикасната правна заштита.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза