Генералниот секретар на Обединети за Македонија, Раде Милососки, денеска пред затвоот „Идризово“, рече дека притисокот и заканите да не се пушта Љубе Бошкоски, доаѓаат од две дами.
Едната е заменик министерот за правда Биљана Бришковска Бошковска и директорката за извршување санкции Лидија Гавриловска.
Според него тие двете ја спроведуваат наредбата од власта Љубе Бошкоски, и покрај тоа што се исполнети условите за неговот о пуштање од затвор, вршеле притисок врз директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски да не го потпишува решението за ослободување на Бошкоски.
– Се уплаши мафијата, од тебе брате наш, се уплаши мафијата која ја разнесе Македонија, ја иссели, ја искраде. По бомбите гледаме кои се лопови, кои се криминалци, кои се убијци. Бараат во нас убијци, бараат во нас, тие се од другата страна. Брзо ќе ги стигне законот, вели Милососки.
Тој вели дека иако ОМ е демохристијанска партија, во неа членуваат граѓани од разни религии, сепак бара од господин господин Стефан да го искористи својот авторитет да помогне претседателот на партијата да не биде единствен кој нема да го добие законското парво порано да му заврши затворската казна.
Од пред затворот симпатизерите и поддржувачите го повикаа директорот Живко Пејкоски да се охрабри и да постапи согласно законот да го потпише решението и да го пушти Љубе од затвор.
„Живко, потпиши го решението,зошто нема да имаш мир одлуѓето на Љубе Бошкоски“, порачаа симпатизерите.
Согласно Законот, директорот на затворот, како и во сите други случаи, доколку лицето на издржување на казна затвор примерно се однесува, може да се пушти на слобода до 90 дена пред завршување на казната. Љубе Бошкоски беше уапсен на 6. јуни 2011 година.