Милошоски: Земјите од регионот се вакцинираат, а кај нас нема стигнато ниту една вакцина

Од:

Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вакцинирањето против Ковид-19, а во Македонија државата нема набавено ни вакцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вакцини од производителите, наведува на социјалните мрежи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој оценува дека со тоа, од страна на државата, сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.

„Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Ковид19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување. Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот, член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита“, пишува Милошоски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му