Милошоски: За ВМРО-ДПМНЕ е многу важна политиката за младите

Од:

Носителот на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Петтата изборна единица Антонио Милошоски денеска ја посети општина Дебрца и местата Требеништа, Волино, Ботун и Белчишта, и на жителите им претстави мерки во новата програма „Проверено“.

Во Белчишта Милошоски изјави дека дел од програмата е фокусирана за подобрување на животот на младите, преку проекти за вработувања и отворање сопствени бизниси.

– За ВМРО-ДПМНЕ е многу важна политиката за младите во Република Македонија и затоа во нашата програма има неколку проекти кои се однесуваат на младите до 29 години. Нивно привилегирање по однос на кредити, субвенции, вработување и одредени заеми за да може да почнат сопствени бизниси. Најдобриот начин за да се задржат младите во своите родни места во Република Македонија, без разлика дали е мала или поголема општина, е отворање нови работни места, истакна Милошоски.

– ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го прави на два начина – прво со привлекување странски инвестиции и второ – со отворање и отпочнување капитални инфраструктурни проекти, за секој човек кој има добро образование и струка ќе има прилика да си го најде своето работно место и ангажман, додаде носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, кој денеска е во посета и на општината Пласница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина