Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува изборниот модел една изборна единица

Од:

Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ вели дека партијата го поддржува изборниот модел една изборна единица.

„Денес би сакал да известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оствари средби со тројца пратеници кои што истовремено се и претседатели на политички партии. Тоа се пратениците и претседателите на политичките партии ДОМ, политичката партија ТДП и Српската странка во Македонија.

Разговаравме на темата изборен модел и имаме две заеднички гледишта со овие политички субјекти.

Прво, предложениот закон за една изборна единица кој што се наоѓа сеуште, за жал во фиоката на спикерот Талат Џафери, дека е добро да влезе во процедура и дојде на комисиска расправа за да може секој да го искаже своето мислење.

Второ, ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група и како коалиција го поддржува изборниот модел, една изборна единица кој што би требало во иднина да го усогласиме согласно компаративно право и изборниот праг кој што би се применувал.

Затоа ги цениме овие средби за продуктивни, корисни и се надеваме дека во најскоро време овој предлог на закон ќе се најде на комисиска расправа и за истиот ќе може да отвориме продуктивна дебата“, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски