Милошоски: Власта го користи притворот за тепање и малтретирање

Од:

Некој влијаел врз обвинителството да го смени мислењето и да покрене обвинение за Вељаноски за случувањата од 27 април 2017, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на распрвата за имунитетот на поранешниот претседател на Собранието, во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Тој додаде дека власта е во спрега со обвинителството и притворот го претвора во казна наместо мерка за претпазливост, за тепање и малтретирање и понижување, алудирајќи на вчерашните случувања во затворот во Шуто Оризари.

Милошоски обвини дека се прави пресметка со политички противници, нарачки за одземање имунитети и притвори за тепање на поранешни министри.

„Ова е нарачан случај за власта да ги прикрие своите неспособности. Собранието да покаже дигнитет и да ги надмине нарачките на власата, односно да не се одземе имунитетот“, побара Милошоски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Груби е спроведен во притворското одделение во „Шутка“

Горан Наумовски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник