Милошоски: Власта да излезе со решение за изборен модел со една изборна единица

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска порача дека прифаќаат изборен модел со една изборна единица и ја повика власта да излезе со решение, по што најави дека опозициската партија ќе се вклучи во утврдување на конечниот текст на изборниот законик.

-Владата на СДСМ и ДУИ седум години ги манипулира и јавноста и помалите политички партии за менување на моделот во една изборна единица како подемократски изборен модел. Втората манипулација беше дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го попречи ваквото менување на изборниот модел. Ние уште пред две години кажавме дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа изборен модел со една изборна единица и дека тоа ќе донесе еднаквост на гласот во секоја општина и на цела територија на Република Македонија и ја повикуваме власта да излезе со вакво решение, рече тој, на новинарско прашање.

Доколку власта излезе со решение за една изборна единица, тогаш, како што дополни, тие ќе се вклучат и ќе го дадат нивниот придонес во утврдувањето на конечниот текст на Изборниот законик.

-Доколку власта не е подготвена за суштински измени за поголема демократизација на изборниот модел, а измените се однесуваат само на некои технички, важни, но сепак технички забелешки дадени од ОБСЕ и од ОДИХР ги поддржуваме, немаме ништо против, но не би учествувале во тој процес само за да му дадеме политички легитимитет без да имаме суштинско подобрување на изборниот модел, рече Милошоски.

Утре ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно да работи и на нов Изборен законик.

Претседателот на работната група адвокатот и поранешен претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски за МИА изјави дека приоритетите треба да ги утврдат сите заедно.

-Приоритетите кои се ќе треба да ги утврдиме заедно сите. Јас само ќе ја предводам таа работна група, транспарентно мислам да се работи, за да се дојде до одредени усогласувања, прво со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, кои се провлекуваа низ изборни циклуси и многу се исти, но секако не се превземаат навреме промени за да се усогласат. Исто така таму има и една забелешка во која се бара да се размисли и да се направи нов изборен законик, вели Новаковски.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче

Горан Наумовски

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите