Милошоски тврди дека нема бугарски пасош и дека тоа може да го докаже

Од:

И Антонијо Милошоски уверува дека информациите на бугарскиот министер Красимир Каракачанов дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски државјанства се лага. Тој вели дека сите пратеници на неговата партија имаат само македонски пасоши. Прашан дали може да го докаже тоа, Милошоски одговори потврдно. Ова следува откако Каракачанов објави имиња на македонски политичари од кои поголемиот дел актуелни пратеници на опозицијата, за кои кажа дека се бугарски државјани.

„Краток е нашиот коментар, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се граѓани на Република Македонија и само на Република Македонија. Но, кога има скандал за фантом фирми, фантом вакцини, има и список за фантом пасоши. Сметаме дека ова е обид да се дефокусира населението од коруптивната афера за набавка на вакцини преку фантомска фирма со тројца вработени, а требало да направи голема милионска трансакција, а премиерот и министерот за здравство веројатно сакале да направат профит, наместо да обезбедат вакцинирање. Во ВМРО-ДПМНЕ, пратениците имаат само македонски пасоши и гласаат во Република Македонија“, вели Милошоски.

Претходно и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски негираше дека има бугарски пасош, како и право да гласа на тамошните избори. Тој во изјава за „А1он“ рече: „Ниту имам, ниту планирам да имам, ниту сакам да имам“.

Дека Каракачанов зборува лаги обвинуваат и од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението испратено до јавноста велат дека Каракачанов води антимакедонска политика и има за цел да оцрнува и фабрикува невистини против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски, Антонио Милошоски, Петар Богојески, Филип Петровски, Никола Мицевски, Александар Пандов  се само дел од имињата кои ги објави бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов, а за кои тврди дека се лица кои се декларирале како Бугари и се со бугарско државјанство, па затоа можат да гласаат и на тамошните избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски