А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Галена Николовска-Ризвановиќ
Македонија

Милошоски: Советник на Заев лаже дека живее во Париз и зема 1200 евра плата на сметка во Србија

by Галена Николовска-Ризвановиќ28/06/2019 - 12:2428/06/2019 - 12:24906
Share0

Советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски лаже дека живее во Франција и зема плата од 1200 евра на сметка во Србија за да избегне плаќање данок, обвини пратеникот Антонијо Милошоски, незадоволен што долго чекал за одговор од премиерот на пратеничкото прашање. Тој дополнително денес го праша Заев дали знае за овие наводи и дали знае дека за овој случај веќе има пријава до Антикорипциска комисија.

Добивај вести на вибер

„Премиере рековте дека вашиот советник живее во Франција, ама сепак неговото постојано живеалиште е регистрирано во Скопје, дали сакате да избегнете плаќање данок па овој советник платата ја прима во Србија?“, повтори Милошоски.

Заев одговори дека тој има право да ги бира своите советници и дека нивните биографии се јавно достапни, бо не кажа зошто платата на Зафировски се исплаќа во Србија.

„Зафировски е законски ангажиран и тој ја одредува сметката на која треба да му се исплаќа платата. Јас не можам да бидам истражен орган. Тој не е Жан Пјер, туку Љупчо Зафировски, наш граѓанин“, рече Заев.

Прашањето на Милошоски за Заев е прашање од претходна седница, а се уште не се почнати со нови прашања.

На денешната седница се пријавени 19 пратеници за прашање.

pratenickisobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен