Милошоски: Со 300 амандмани ќе го блокираме законот кој дозволува амбасадор да има и друго државјанство

Од:

Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог – законот за надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и друго државјанство, освен македонско, најави на „Фејсбук“ пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Тоа е погрешно решение и ќе поднесеме 300 амандмани“, стои во објавата на Милошоски и наведува дека за блокадата имаат три причини.

Прво, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции.

Второ, овие измени, како што наведува Милошоски, се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор да добие „безбедносен сертификат со степен Државна тајна“ е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор.

Третата причина за блокада на предложениот закон Милошоски вели дека е тоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава Македонија не смее да биде доведена под знак прашалник.

Милошоски на „Фејсбук“ објави дел од амандманите кои ќе ги поднесат за блокада на предложениот закон.

Повлекување или отфрлање на предложените измени на Законот за надворешни работи во петокот, преку соопштение, побара и Македонскиот дипломатски синдикат. Од Синдикатот сметаат дека не е целисходно, ниту сериозно по брза постапка да се прават измени на постојниот Закон за надворешни работи кога во завршна фаза е подготовката на предлог – текст за целосно нов закон за надворешни работи

Би можело да ве интересира

Заглавени 20.000 државјанства, АНБ прави сложени проверки

Кристијан Ландов

Здружение на млади правници: Измените на Законот за државјанство нема да го решат проблемот со апатридите

Заев: Се прават консултации дали законот за државјанство може да се испрати во Парламентот со европско знаме

Ана Ололовска

Околу 2000 граѓани немаат државјанство, оваа тема не смее да се „киднапира“ во дневно-политички препукувања вели Османи

Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Ана Ололовска

Адеми: Албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде решение за законот за државјанство

Ана Ололовска