(ВИДЕО) Милошоски: Разговорот на Заев со лажниот Порошенко е сериозен дипломатски скандал

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски рече дека разговорот на премиерот Зоран Заев со комичарите кои се претставија како Порошенко и Столтенберг е сериозен дипломатски скандал и дека со тоа е нанесена штета на државата.

„Сметам дека разговорот на премиерот Заев со лажните дипломати е сериозен дипломатски скандал. Со ова е нанесена штета и на Република Македонија на репутацијата на надворешната политика и е нарушена довербата заради споделување информации“, рече Милошоски и додава дека „министерот Димитров требало да го информира како да разговара со дипломати и дека има протокол што го утврдува терминот за разговори и теми“.

– Ваквото грубо кршење на протоколот е доволна причина за оставка на Заев, Димитров и Телевски. Ваков скандал досега се нема случено на ниту еден државник што се занимавал со меѓународни прашања, кажа пратеникот Милошоски.

Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) на Youtube објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко разговараат со македонскиот премиер Зоран Заев.

Премиерот во видеото со лажните дипломати разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, референдумот, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела