Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Од:

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието било празно полно со флоскули наменети претежно за СДСМ каде, како што рече, ќе одлучуваат дали тој ќе биде или нема да биде повторно кандидат за претседател следната година.

Милошоски рече дека Пендаровски ја релативизирал позицијата во која била донесена државата.

-Се работи за претседател кој како политичар велеше дека тој што ќе го смени името ќе му ја вадиме душата, па потоа гласаше да се смени името и Уставот ветувајќи дека ќе се отворат европските врати, за денеска повторно да ја релативизира позицијата во која не донесе Владата, а тоа е ќорсокак на преземени обврски кои не можат да ги испорачаат, изјави тој.

Смета дека денешното обраќање на претседателот Пендаровски во Собрание ќе биде последно.

-Се согласуваме со еден факт, а тоа е дека ова е неговото последно обраќање. Дали доколку не биде избран за претседател ќе ја напушти Македонија како што изјави во 2019 година оставаме тоа да биде негова одлука, подвлече Милошоски.

Во однос на критиките од власта упатени кон ВМРО-ДПМНЕ за процесот за пристап кон ЕУ рече дека тоа е знак оти власта се подготвува за опозиција.

-Кога власта ја обвинува опозицијата за неуспесите за кои власта има капацитет да ги постигне или да не ги постигне, тоа е најдобар знак дека се спрема за опозиција. Со моменталната власт не можеше да се очекува подобра преговарачка рамка или меѓународни успеси, истакна Милошоски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска-Давкова води пред Пендаровски со над 130.000 гласови

Орце Костов

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ