Милошоски: Нема основа за какво било дополнително проширување на договореното

Од:

Нема основа за какво било дополнително проширување на веќе договореното, ниту за какви било анекс договори, кои што би му дале изговор на аболицираниот политичар Зоран Заев да избега од закажаните избори.

Ова попладнево на прес-конференција го истакна членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во реакција на барањето на СДСМ за свикување итна седница за донесување закони, изменување на закони кои се однесуваат на мандатот, надлежноста и другите подзаконски акти поврзани со СЈО.

– СДСМ знае дека се ближи 11-ти декември и се ближи датумот на кој што тие ќе треба да се соочат со граѓаните и СДСМ се свесни која доверба ја имаат односно ја немаат помеѓу граѓаните на Република Македонија. Знаат дека изборот на 11-ти декември да се одбере помеѓу деструктивна политика, шпионирање, нелегални материјали, правење на секакви сопки и изговори и изборот да се одбере стабилна политика, остварувања, проекти, и реална програма може да биде на голема штета на СДСМ, а во интерес на граѓаните на Република Македонија.Затоа СДСМ бара начин како да избега од закажаните избори или како да најде изговор одржаните избори, тие кои би ги имале да не ги признае како валидни, рече Милошоски.

На тој начин, посочи, ВМРО-ДПМНЕ го оценува барањето на СДСМ за измена на законите, за надлежност и времетраење и заштитени сведоци кои се однесуваат на СЈО.

Според Милошоски, барањето за итна седница за измена на тие закони на СДСМ ќе му послужи единствено како барање кое што би било надвор од оние договорени барања во договорот од Пржино. СДСМ, посочи, знае дека не можат да се прошируваат, ниту по содржина, ниту по време, ниту по надлежност и неисполнувањето на ваквите нови желби на СДСМ да му послужат на аболицираниот Зоран Заев да ги искористи како изговор за бегање од изборите или за непризнавање на изборите кои ќе се одржат на 11 декември.

– Исто така, гледаме дека преку писмото упатено до амбасадорите аболицираниот политичар Зоран Заев, најави уште од пред неколку дена, дека остава простор и гради изговори преку кои сака да се огради од изборите на 11 декември, да ги избегне истите или истите да не ги признае. Втора работа која што се забележува со ова барање за итна седница на Собранието за измена на законите поврзани со СЈО е дека СДСМ и СЈО се само две лица на една иста монета. СДСМ збори во име на СЈО и СЈО дејствува и превзема политички мотивирани акции во име на СДСМ или со единствена цел, да му помогне на СДСМ во својата политичка платформа и агенда во недостаток на реална политичка програма, истакна Милошоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски