А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Милошоски: Ќе поддржиме системско решение кое се однесува на намалување на коефициентите на платите на функционерите

by А1он02/05/2023 - 15:40255
Share0

ВМРО-ДПМНЕ има политичка волја да поддржи системско решение кое би се однесувало на намалување на коефициентите за пресметување на плати на функционерите, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Прашан дали како политичка партија планираат да поднесат предлог законски измени за платите на функционерите кои со одлука на Уставниот суд се зголемени за 78 проценти, Милошоски рече дека многу нивни предлози за законски измени не биле усвоени во изминатиот период и затоа ја повика власта што поскоро да го достави до Собранието она што го најавува како системски закон.

– Како политичка партија уште пред да биде оваа тема за личниот доход и одлуката на Уставниот суд, пред два месеци имавме повеќе предлог-закони, но би го напоменал оној што е најбитен. Поднесовме предлог-закон за укинување на 40 заменички-директорски места коишто беа изгласани во државни јавни претпријатија од страна на СДСМ и ДУИ за да можат полесно да се договараат во рамките на коалицијата, иако тие беа непотребни и создаваат голем буџетски трошок. Власта со едно гласање беше против самата потреба овој закон да се стави на дневен ред. Ова го напоменувам за да ви укажам дека имаме лошо искуство со многу наши предлози коишто се однесувале на буџетските расходи и нивно намалување. Затоа ќе и дадеме можност на власта она што го најавуваат како системски закон што поскоро да стигне во Собранието и опозицијата ќе даде поддршка, рече Милошоски.

Со одлука на Уставниот суд за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, се овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Законот се однесува и на примањата на премиерот, претседателот, собранискиот спикер, но и на сите вршители на јавни функции.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео