Милошоски: Ќе го вратиме законот на доработка

Од:

За време на преговорите на работните групи вчера, се договоривме законот за прислушувани материјали да биде отворен за дополнителна доработка во која што ќе бидат вклучени амандмани на опозицијата“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска пред средбата на работните групи.

Освен ова, било договорено во рамки на преговорите да се договори и закон кој што ги третира така наречените свиркачи.

Милошоски вели дека преговорите се прилично напорни и тврди дека опозицијата често ги менува стојалиштата.

Според него, СДСМ се откажала од една изборна единица и со согласила следните избори да бидат организирани со постоечкиот изборен модел.

Наводно СДСМ се откажале и од активна регистрација на гласачите. Според Милошоски преговорите денеска ќе продолжат на првата точка, на која што вчера заглавиле, односно на прочистувањето на избирачкиот список.

Пратеникот од СДСМ, Шилегов за новинарите, денеска во Собранието, рече дека до вечер законот треба да биде повлечен од собраниска процедура.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела