Милошоски исмеан на Твитер

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен пратеник Антонио Милошоски на својот твитер-профил во еден твит ги нарече Германците „Шваби“, на што друг твитер-корисник му постави прашање дали дали тоа му доликува како поранешен министер:

Screenshot_2

Инаку, Милошоски е германски стипендист, тој магистерски студии по евроинтеграција посетувал од 2001 до 2002 година при Универзитетот „Фридрих Вилхелм“ во Бон, за што добил стипендија од германското министерство за образование.

Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Герхард Меркатор“ во Дуисбург, Германија, каде работел и како научен соработник до 2006 година, кога бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Милошоски е и член на „Судостеуропа геселшафт“, германско академско друштво кое се занимава со политичко-економските случувања во Југоисточна Европа.

Иако потеклото на изразот е од германската покраина Швабија, на бившојугословенските простори, особено во и по Втората светска војна, тој се користи само во дерогативна, понижувачка форма, поврзан со терминот „бубашваба“ за инсект.

Милошоски изминатите неколку дена е особено актуелен на „Твитер“, каде пишува твитови поврзани со кризата во Грција, со што ги изиритира македонските твитерџии кои му пишуваа интересни одговори.

Пред два дена тој напиша:
Screenshot_3

Овој негов твит има 48 ретвитувања, а на 51 следбеник им се допаднал.

На ова твитерџијата Илко Илија му одговори:

Screenshot_4

Овој твит, во споредба со оној на Милошоски, експресно стана многу популарен и доби 274 ретвитувања, а им се допадна на 394 следбеници.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза