Милошоски: „Илинденски денови“ – најдобриот и најквалитетниот фестивал на народни песни и ора

Од:

Републичкиот фестивал „Илинденски денови“ е најдобриот и најквалитетниот фестивал на народни песни и ора, а Битола е град што привлекува пријатели од сите страни на светот, истакна потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски, кој синоќа го отвори 44-то издание на четиридневниот фестивал.

На фестивалската сцена на ракометното игралиште во Битола, пред публиката од градот, државата и странство, Милошоски предочи дека годинава фестивалот „Илинденски денови“ има посебен квалитет и шарм за што заслуга има менаџерскиот тим на организаторот – НУ Центар за култура-Битола.

– Претставува чест да поддржиме фестивал со една ваква традиција, кој годинава има посебен квалитет и шарм. За нас најголемо богатство е што успеваме во Битола како град што привлекува, вечерва да привлечеме наши пријатели од Јапонија, од Австралија, Србија, Словенија, Грузија, Северен Кипар, Унгарија, Норвешка, Бугарија и други држави. И, да се потсетиме на една изрека која што е позната на овие простори, а таа е дека ако одите во Босна немојте да пеете затоа што ќе ве натпеат, ако одите во Србија немојте да играте затоа што ќе ве надиграат, но ако одите во Македонија немој да се правите дека знаете да пеете и играте, затоа што ќе ве натпеат и ќе ве надиграат, нагласи Милошоски.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ освен поддршка од покровителот – Собранието на Република Македонија, поддржан е и од Министерството за култура и општина Битола и е составен дел на битолското културно лето „БитФест“.

– Овој фестивал, овие илинденски денови се во чест на нашите големи историски личности и на нашата голема традиција и историја. Ова се Илинденски денови пред големиот, вечниот 2-ри август, празникот Илинден кој ги обединува Македонците од сите меридијани на светот. Прошетајте и погледнете ја Битола со сите културно-историски вредности, им порача на гостите од државата и странство градоначалникот Владимир Талески на отворањето на фестивалот.

Најстариот фестивал во Битола годинава е домаќин на 30-на културно уметнички друштва и ансамбли од државата и странство и на тој начин ја слави традицијата на народите од светот, посочи Борче Димитровски, директор на националната установа Центар за култура, организатор на манифестацијата која денес продолжува со втората фестивалска вечер на традиционална музика и игра, и повеќе придружни програмски активности.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево