Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника

Од:

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, е примен на Инфективната клиника откако неколку дена имал покачена телесна температура, иако вчера имал негативен резултат за коронавирус. Тој на социјалните мрежи објави фотографија и објаснување дека нема други симптоми, ниту проблеми со дишењето, што е честа појава кај заразените со вирусот.

„Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид-19, но по препорака на специјалист од Инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден. На моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката. Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување“, пишува Милошоски.

Пред четири денa, позитивен резултат на тестот за коронавирус доби мајката на Антонијо, Светлана Милошоска. Таа е вработена како медицинска сестра во болницата во Кичево.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?