Мајката на Антонијо Милошоски позитивна на Ковид-19

Од:

Мајката на Антонијо Милошоски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, е позитивна на Ковид-19. Светлана Милошоска, вработена како медицинска сестра во болницата во Кичево на својот Фејсбук профил објави дека и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од установата, завчера ги почувствувала првите симптоми на покачена температура.

„За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот Ковид19“, извести таа.

Нејзиниот син, Антонијо Милошоски вчеравечер гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал5 телевизија и тој од денеска е во самоизолација, со оглед на тоа што имал контакт со мајка му на 22 јуни во нивниот дом во Кичево.

„На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање“, пишува Милошоска.

Се огласи и Милошоски, кој рече дека веднаш по известувањето дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот бил исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола.

„Тој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6-ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци“, напиша Милошоски.

Тој информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.

„Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. Останатото е на науката и на бога“, напиша Милошоски.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?