Милошоски: Грција испорача дополнителни барања – бара прво промена на Устав, па покани за НАТО и ЕУ

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милишоски на неговиот Фејсбук профил пишува дека Грција испорачала дополнителни барања од веќе договореното, па затоа македонскиот премиер Зоран Заев и неговите советници се уште не се во грчката Мала Преспа.

Според него, освен прифатениот пакет за името Република Северна Македонија (Repulic of Northen Macedonia), Грција испорачала уште две барања, кои не биле дел од усогласената рамка. Првото е јазикот да не биде Macedonian, како што е сега заведен во ООН, туку да биде латинично Makedonski, без никаков превод и менувањето на Уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, туку прво да се организира референдум, да се смени Уставот, па дури потоа да се очекуваат поканите за меѓународните организации.

„Дали Заев може да потпише толку, колку што Грција може да посака?

Јавноста се прашува зошто Зоран Заев и неговите советници за односи со Атина, Маричиќ и Башановиќ сеуште не се во грчката Мала Преспа да го потпишат договорот за смена Уставот и името?
Затоа што освен прифатениот пакет за името
Republic of Northern Macedonia и
Nationality: of the Republic of Northern Macedonia
Грција вчера испорачала уште две барања, кои не биле дел од усогласената рамка на Договорот Коѕијас-Димитров од Брисел:
1. Јазикот да не се запише Macedonian како што е сега заведен во ОН, туку латинично makedonski без никаков превод и
2. Менувањето на Уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, во Јуни/Јули оваа година, туку Македонија прво да организира референдум со позитивен исход, истовремено да си го смени Уставот, па дури потоа да очекува да биде поканета за НАТО и ЕУ.
Третата опција е договарањето да се одложи за неколку месеци.
Ставот на Заев кон овие барања е билет кон Преспа Микра“ пишува Милошоски.

Би можело да ве интересира

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Милошоски: 650.000 граѓани се затворени во Република Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милошоски: Власта ја загрозува европската перспектива

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Милошоски: МНР наместо да ја промовира Македонија се злоупотребува за рекламирање на министерот Османи

Уставниот суд одлучи: Милошоски не бил политички дискриминиран

Горан Наумовски