Милошоски: Германците се чудат зошто ставивме европско знаменце на законите за коридорите 8 и 10

Од:

Закон за урбанистичко планирање се разгледува на матично тело Комисија за транспорт и врски и урбанистичко планирање во секоја држава си има свои специфики поради различното законодавство, нема усогласена европска регулатива за планирање, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница на седницата на која се разгледуваат законските измени поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10.

– Вчера се сретнавме со специјалниот преставник на владата на Германија задолжен за земјите од регионот. Разговаравме за темата европски стандарди и злоупотреба на еврпско знаменце. Тој беше сосема јасен, тие се чудат како може Закони за работни односи, за експропријација и за урбанистичко планирање да бидат разгледувани со европско знаменце. Овие теми ниту во германскиот Бундестаг не се разгледуваат со европско знаменце.

Сметам дека со овие постапки се нарушува правниот систем. Ние сме земале нашето законодавство да го усогласувмае со ЕУ, а ние злоупотребуваме со европско знаменце.

Бочварски и Рустеми потпишале договор каде што ги пречекориле своите овластувања и сега со овие законски измени сакаат да си го оправдаат потписот, а знаат дека може да се гради и со сегашните македонски закони – истакна Милошоски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски