Милошоски: Македонија со капацитет да ја задржи препораката

Од:

Македонија повторно доби извештај со препорака којшто гарантира дека оваа држава има капацитет за успешно да ја задржи препораката, но, за жал, не веруваме дека Европскиот совет во овој момент има капацитет да постигне едногласност, за оваа препорака да ја преточи во одлука за почеток на преговорите, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

– Македонија продолжува напред и покрај сите обиди на СДСМ да ја втурне во политичка криза која што ја креираа пред девет месеци господинот Зоран Заев и неговата колешка Радмила Шекеринска, рече тој.

Според него, со Извештајот стана јасно дека сите напори и реформи што ги вложи Владата предводена од коалицијата каде што ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога, се препознаени и признаени од страна на Европската комисија.

– И тие во економијата, и тие во земјоделството, и во областа на безбедноста и владеењето на правото и во сите други сфери кои што беа дел од оценување на Извештајот, рече Милошоски.

Тоа што го гледаа граѓаните во изминатата година, како што кажа, го виде и Европа и јасно забележа.

– Тоа што извештајот има препорака е најголем доказ дека капацитетот на Република Македонија е многу посилен од деструктивните политики што ги водеше СДСМ изминативе девет месеци. Целта на СДСМ да создаде политичка криза која што ќе се одрази со губење на препораката во Извештајот за Македонија не е исполнета. Тоа значи дека Извештајот со препорака за Република Македонија е пораз за политиките на СДСМ, рече Милошоски. Исходот од нивната, како што рече, деструктивност и креирање на политичка криза се одредени услови што се забележани во самиот Извештај.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски