(ВИДЕО) Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и законите со одлуката по скратена постапка да се ратификува договорот со Грција. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ја обвини власата дека брза со ратификување на договорот на штета на граѓаните.

„Некој презел обврска Македонија да ја стави во потчинета состојба. Власта не дава можност за расправа, туку брза. Ако договорот е добар, зошто ја менуваат матичната комисија и брзаат во еден ден? Зошто не организираат прослава ако е договорот е толку добар?“, праша Милошоски.

Тој додаде дека ова е уцена, што некој презел обврска да ја оствари.

„Со овој договор Македонија сама ја поништува пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, која беше во наша корист. Со договорот се откажуваме од успесите досега и од 140 земји што нè признаа под уставното име. Владата го злоупотреби европското знаме. Договорот е антиуставен и понижувачки“, рече Милошоски.

Тој додаде дека договорот со Бугарија немал европско знаменце и се разгледувал на Комисијата за надворешни работи за разлика од овој договор и тоа според него е доказ дека власта не ги почитува правните норми. Милошоски не кажа дали целосно ќе ја бојкотираат работата на Собранието или само денеска.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела