(ВИДЕО) Милошоски: Бараме да се истражи сомнението дека Иванов бил прислушуван од УБК

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по обраќањето на претседателот оцени дека говорот на Иванов бил конзистентен и ги оправдал очекувањата на граѓаните.

Тој реагираше по обелоденувањето на информацијата од страна на Иванов дека бил прислушуван и рече : „Голем минус има и Владата и институциите и УБК ако е точно дека претседателот Иванов бил прислушуван. Бараме да се истражи ова сомневање и да се обелодени пред јавноста”.

„Кога ќе се споредат сите негови обраќања наназад во последните девет години сметам дека дава одлика на конзистентен политичар кој што се држи до оние принципи врз основа на кои што го добил мандатот од граѓаните и до Уставот на Република Македонија врз кој дал заклетва дека ќе ја врши својата должност и функција.

Втората работа која што сакам да ја споменам е неговата политичка зрелост да го прифати референдумот како воља на граѓаните, да го зачуваат Уставот на Република Македонија таков каков што е, бидејќи неуспешниот референдумнавистина е патоказ и за пратениците, но и за извршната власт и Претседателот и дека мнозинството на граѓани не се согласува со наметнати решенија кои што власта се обидува преку уцени, амнестии и други политички пазарења да ги преточи во некој договор спротивен на волјата на народот.

И третата работа, она што посебно загрижува, а денес за прв пат го слушнавме во историјата на Република Македонија, но и од претседателот на државата, дека тој и неговите соработници имаат сознанија дека врз основа на усна наредба Управата за безбедност и контраразузнавање, ги следи комуникациите на Претседателот на државата, на неговото семејство и на неговите блиски соработници. Доколку е ова вистина тогаш може да се смета како еден голем минус кој што создава правна несигурност и политичка несигурност не само за Претседателот на државата туку и за секој еден политичар или граѓанин затоа што би можел да биде условно кажано истиот или следниот кој што може врз основа на усна наредба да биде следен заради политички несовпаѓања или различни политики во однос на она што го спроведува извршната власт”, рече Милошоски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште