Милошоски бара од почесниот конзул на Белорусија да ја повлече изјавата и јавно да се извини

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се огласи на својот „Фејсбук“ профил во врска со протестната нота од страна на Амбасадата на Република Белорусија во Република Србија до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, која се однесува на како што велат оттаму искажаните лажни вести од страна на Милошоски.

„Почитуван почесен конзул на Белорусија, г-н Борче Марковски (сопственик на “Марковски Компани” од Битола), во прилог ви го доставувам линкот од настапот во Собранието во кој можете да го чуете моето прашање до Премиерот, а тоа е дали се точни информациите и наводите што ги пренесуваат медиумите дека на бизнисмен кој што добил тендер во РЕК Битола му бил побаран рекет од 250.000€. Доколку внимателно сте ја следеле седницата и сте ги следеле вестите пред почетокот на седницата тој ден, сигурно сте имале можност да забележите дека таквите наводи и информации беа пренесени од најмалку 5 медиуми, и е сосема легитимно за секој пратеник до Владата да постави прашање од јавен интерес дали тие медиумски наводи за барање на рекет на фирмите кои работат во РЕК Битола се точни.“, напиша Милошоски.

„Сепак, Вие сте одлучиле со известување во име на почесниот конзулат, без претходно да побарате информација од мене, без претходно јавно да реагирате до медиумите кои пренеле наводи за барање на рекет на фирми во РЕК Битола како тема од јавен интерес, да тврдите дека “од страна на пратеник се извадени лажни вести”, што не одговара на вистината и го сметам за навреда и клевета со која се нанесува штета на угледот во работата и извршувањето на моите обврски како пратеник. Дали Вие ќе полемизирате или ќе ги демантирате медиумите кои дојавуваат дека на приватни фирми им се бара рекет за тендери, не Ви се мешам, тоа е Ваша лична одлука и како почесен конзул, и како стопанственик “Марковски Компани”. Повеќе детали и објаснување на оваа тема ќе добиете на вашата официјална e-mail адреса од страна на мојот адвокат.“, дополнува Милошоски во објавата.

Во меѓувреме, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, додава Милошоски, барам од Вас јавно повлекување на изјавата изнесена во известувањето од почесниот конзулат на Белорусија и јавно извинување во предвидениот законски рок од 48 часа.

Милошоски предлага повлекувањето на изјавата да биде објавено на ист начин и преку истите медиуми, во спротивно ќе ги преземе сите преостанати законски можности за заштита на како што вели угледот како пратеник при вршењето на неговата службена должност да поставува прашања за теми од јавен интерес ако што се корупцијата и барањето на рекет од фирми.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад