Белорусија ќе достави протестна нота до МНР за тврдењето на пратеникот Милошоски

Од:

Ниту во минатото, ниту сега до Амбасадата на Република Белорусија во Белград и до амбасадорот Валериј Брилјев, ниту во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија во Скопје не се доставени жалби, исто така ниеден стопанственик што бил примен на разговор не се пожалил за никакви проблеми, од каква било природа и какви било размери, порачуваат од Почесниот конзулат во Скопје.

-На ден 25 јули 2019 година се извадени лажни вести од страна на пратеник на Собранието на Република Северна Македонија, Антонио Милошоски кои беа проследени во електронските медиуми. Сакаме да посочиме воедно и да потврдиме дека се што беше искажано се едноставно лажни вести, велат од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје.

Во моментов, додаваат, се приготвува нота од страна на Амбасадата на Република Белорусија во Република Србија до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за искажаните лажни вести.

Претникот Милошоски на вчерашната седница на Собранието на Република Северна Македонија посветена на пратенички прашања рече дека во Кабинетот на премиерот Зоран Заев дошол белорускиот амбасадор во врска со случај во кој на бизнисмен од Битола, кој добил тендер да работи со РЕК Битола, му биле побарани 250 илјади евра. Тврдењето беше демантирано и од премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти