Милошевски најави реконструкции на улици, поплочување тротоари, опрема за противпожарната служба

Од:

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид Митре Милошевски во денешното негово предизборно обраќање пред јавноста најави реконструкција на повеќе градски улици.

– Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај. За убав град реконструкција на улиците: „Абас Емин“, „АСНОМ“,„Егејска“ и „Македонски просветители“, „Јордан Мијалков“, „7 Ноември“, „Јане Сандански“, „Прва Македонска ударна бригада“, рече тој.

Притоа најави дека во мандатот ќе спроведе асфалтирање и уредување на тротоари на повеќе улици низ градот, како и уредување на пешачка патека од селото до автокампот Љубаништа, сервисни улички во селата Љубаништа и Трпејца, Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила.

Милошевски уште најави набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие.

– Охрид мора да биде безбедно место за живеење преку изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари, рече тој најавувајќи изградба на хидрантска мрежа, набавка на нова опрема за противпожарна станица, курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, набавка на нови возила, како и специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски