Милошев: Волонтерите во штипската болница веднаш да бидат вратени на своите работни места

Од:

Хаосот во здравството што го создаде ВМРО-ДПМНЕ е на штета на граѓаните но и на вработените во здравствените институции.

Покрај хроничниот недостаток на медицински персонал, без никакво образложение или најава, во текот на вчерашниот ден раскинат им е договорот на 25 волонтери, кои подолго време беа ангажирани во штипската болница, обвини на прес конференција, Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип

За причините за овој чекор, до овој момент, никој од надлежните не им даде одговор на избрканите волонтери.

Се потврдува дека помпезните најави за нови вработувања, преку лажна пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ немаат никаква врска со реалноста.

Политиката на манипулации и лажни предизборни ветувања е разобличена.

Недозволиво е ВМРО-ДПМНЕ да си поигрува со човечките судбини.

Не може да нема пари за исплата на волонтерите, а да има пари за зголемување на паушалите за членување во Управниот одбор на Болницата.

Членовите на УО на штипската болница самите си го зголемија паушалот за дури 100%.

Во интерес на пациентите кои се лекуваат во штипската клиничка болница, бараме веднаш волонтерите да бидат вратени на своите работни места, а паушалите да бидат намалени.

По демократските промени во декември, новата, одговорна Влада предводена од СДСМ ќе спроведе политика на професионализација на здравствените институции.

Итно ќе бидат пополнети испразнетите работни места, со што трајно ќе се реши овој проблем, рече Милошев.

Би можело да ве интересира

Обвинителството: Уапсените затворски полицајци пуштиле осуден за убиство да побегне додека се лекувал во болница

Орце Костов

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Во битолската болница се степале лекарки, двете психијатарки

Катерина Ѓуровски

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Почина еден од ранетите во пукањето пред болницата во Тетово

А1он