Миленковиќ: Нема опасност по здравјето на пациентите ако се префрлат од еден на друг соодветен вид инсулин

Од:

Нема опасност по здравјето на пациентите доколку од еден вид инсулин се префрлат на друг соодветен инсулин под надзор на квалификуван специјалист од областа на дијабетесот.

Најважно за пациентите е да имаат добра гликемиска контрола, како и да се придржуваат до советите на нивните лекари во однос на исхраната, физичката активност, избегнувањето на стресот, честото мерење гликемија, како и соодветниот третман на напоредните заболувања.
Ова во соопштение го истакнува претседателот на Научното здружение на еднокринолози и дијабетолози на Република Македонија проф. Др. Татјана Миленковиќ.

Во Република Македонија во моментов, посочува таа, има континуирано снабдување со најсовремена инсулинска терапија од најдобрите светски производители на инсулин, и во делот на хуманите инсулини и во делот на инсулинските аналози, така што за секој пациент со дијабетес поставен на инсулинска терапија постојат повеќе ефикасни и безбедни алтернативни опции.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!