Миленковиќ: Не станува збор за грип во случајот со починатото 12-годишно девојче

Од:

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ ја исклучува можноста некаков вид грип да биде причина за смртта на дванеасетгодишната пациентка од Скопје која синоќа околу два часот починала на Клиниката.

– Не станува воопшто збор за грип, сезонски или пак било кој друг вид. Пациентот вчера околу 23 часот е примен на Клиниката со исклучително тешка шокова состојба со акроцијаноза, ацидоза, изразита хипотензија и доминатни гастроинтестинални симптоми со повраќање и проливи. И покрај укажувањето на екстензивни дијагностичко-тераписки постапки за жал четири часа поприемот почина на Клиниката. Клиничката симптоматологија, она што го регистрирале лекарите во моментот на прием и она што го имале како анамнестички податок во никој случај не укажувало воопшто дека станува за грипозна состојба, а камоли да укажува на одреден тип на вирус којшто може да предизвика вакво нешто, изјави Миленковиќ.

Тој посочи дека детето претходно два дена било под надзор на матичен лекар и матичен педијатар, а потоа било упатено на Клиниката за детски болести, но мајката самоиницијативно го донела на Клиниката за инфективни болести каде било под надзор и на инфектолог и на педијатар којшто бил повикан.
– И покрај укажувањето на интензивни медицински постапки во кои се направени обиди да се зачува животот на пациентчето тоа за жал починало. Сите испитувања оделе во насока на гастроинтестинална симптоматологија, а самата колапсна и шокова состојба значи исклучително тешка можност за земање на крв и други анализи, рече Миленковиќ, нагласувајќи дека она што е земено е подлежено на испитувањата кои се можно да се направат.

Прецизира дека колапсната состојба не дозволува да може да се направат сите можни дијагностички постапки како што би се спровеле во нормални услови.

– Од анамнестичките податоци кои се добиени од семејството може да се види дека болеста почнала два дена пред смртта, а на идентичен податок укажуваат и упатите од матичниот лекар и педијатар со кои е упатено на Клиниката, каде стои дека пациентката имала висока температура која достигнала до 39 степени. Но, она што нашите екипи можеле да го регистрираат при приемот била силно изразена хипотермија, односно тоа воопшто немало температура, била во акроцијаноза и во тешка шокова состојба, рече Миленковиќ.

Во ситуација кога лицата престојувале помалку од 24 часа на Клиниката пред да починат, нагласи, ние задолжително бараме изведување на судско медицинска аутопсија, но семејството изричито одби такво нешто со потпис на историјата на болеста.

Би можело да ве интересира

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

Стевановиќ: Пациентот од Велес е во добра состојба, можно е да се заразил од крлеж додека рибарел на Вардар

Орце Костов

Трет случај на конго кримска хемогарична треска

Стевановиќ: Болничарката од Инфективна од денеска го прима лекот против конго-кримска треска

Орце Костов

Болничарката од Инфективна која заболе од конго-кримска хеморагична треска е во стабилна состојба

Орце Костов

Нови 53 нови случаи на Ковид-19, едно починато лице

А1он