Миле Јанакиески повторно е пренесен во болница

Од:

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска повторно е префрлен во една скопските приватни клиники поради преглед за итна здравствена интервенција, потврди за „А1 он“, неговиот адвокат, Александар Новаковски.

Тој вели дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.

„По одобрение на судот и затворската управа е пренесен на преглед во приватна клиника“, рече Новаковски за „А1 он“.

Претходно, поранешниот министер ги извести судот и затворската управа дека го прекинува штрајкот со глад поради советите од лекарите за неговото здравје. Тој веќе еднаш беше примен на преглед откако се пожалил на болки.

За него Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија побара притвор во истрагата поврзана со малверзации за продажба на две парцели за хотел и за популарнтие шпанските скали во строгиот центар на Скопје, и за уште една поголема парцела за хотел. Во истрагата осомничени, покрај него, се уште 10 лица.

На Јанакиески неделава му истекува 30 дневниот притвор за овој случај. Адвокатите реагираа дека за него противзаконски паралено постојат две решенија за притвор и за куќен притвор. Неизвесно е дали Обвинителството ќе предложи до судот поблага мерка за Јанакиески поради здравствената состојба.

Ексминистерот е обвинет и во предметие на СЈО, „Титаник“, „ТНТ“, „Топлик“, „Насилство“ и „Траекторија“. За него се отворени и други истраги во СЈО, а Обвинителството за гонење организиран криминал го обвини и како организатор на крвавиот упад во Собранието на 27 април.

Би можело да ве интересира

Продолжува судењето за „Титаник“

Татјана Ташкова

Нови 30 дена притвор за Миле Јанакиески

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Миланов: Состојбата на Јанакиески се влошува

Виктор Јованов

Јанакиески пренесен од затворот во болница поради влошена состојба

А1он

Сопругата на Јанакиески: Политиката нема да се исчисти ако се изживуваш врз Миле

Ана Ололовска

Додека штрајкува со глад Јанакиески примил храна од дома

Виктор Јованов