Милчин: Добивање датум за преговори ќе биде дополнителен ветер во грбот на реформите

Од:

„Шанса или предизвик“, ова е тема на конференцијата за Извештајот на ЕК и за напредокот на РМ во евроинтеграциите, со која почнува одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество.

„Денешната конфренција е важна и суштински и симболички , со неа се одбележува 20 годишнината од постоењето на ФООМ , но и 10 години од постоењето на Центарот за европско образование, партнер посветен за пристапување на РМ во ЕУ. Ние го следиме интересот на граѓаните на Република Македонија“, рече Владимир Милчин.

Надежите со Извештајот, рече, се поткренати, не го знаеме исходот, но зеленото светло со давање датум ќе биде дополнителен ветер во грбот на реформите да се одглават каде се заглавени. Сите надежи ќе дојдат до заокружување и ќе дојдеме до следната етапа која знаеме дека ќе биде тешка, маратонот ќе биде наша дисциплина.

„Треба да се одрржи темпото на реформи, и треба да се зајкнат меѓуетничките односи. Овој процес на пристапување треба да помогне да се решат проблемите. За нас е предзивик , туку е огромна  шанса она шпто треба да се направи, сите треба да имаат шанска да се изразат себеси и да дадат свој придонес“, рече Роберт Лидл, шеф на политичкиот оддел при мисијата на ЕУ.

Конференцијата може да ја следите на следниот линк – http://vozivo.mk/

Би можело да ве интересира

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

Закани за осум земји од ЕУ поради ризик од прекршување на фискалните правила

Горан Наумовски

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен

Калас: Европа бара разоружување на Русија