Милановиќ: Македонија што побргу во НАТО и ЕУ

Од:

Македонија мора што е можно побргу да биде таму каде што и е местото – во НАТО и во ЕУ, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Никола Груевски кој денеска престојува во еднодневна официјална посета на Хрватска.

Милановиќ, јави известувачот на МИА, нагласи дека Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите за приклучување во ЕУ, а влезот во НАТО да биде веднаш.

Премиерот Груевски рече дека очекува Хрватска, која веќе е член на ЕУ, да биде и натаму наш силен поддржувач, притоа истакнувајќи дека Македонија ги исполни стандардите за влез во ЕУ, но се бараат начини за решение на спорот што ни го наметна нашиот јужен сосед и да се отвори патот за интегрирање во НАТО и ЕУ.

Двајцата премиери истакнаа дека Македонија и Хрватска се пријателски земји кои делат заеднички вредности и немаат отворени прашања.

Разменети се информации поврзани со економиите на двете држави и интересите на компаниите за инвестирање и во Македонија и во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ