Мила Царовска – министер за труд и социјална политика

Од:

Новата министерка за труд и социјална политика Мила Царовска по професија е дипломиран социјален работник на Институтот за социјална работа на Филозофскиот факултет, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, со десетгодишно работно искуство. Родена е на 6 мај 1984 година.

Во тек е на подготовка на магистерски труд од областа на јавното здравје на Медицинакиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Во периодот од 15 ноември 2015 до мај 2016 година била Специјален советник на министерот за труд и социјална политика во ова Министерство, а во периодот од 2005 – 2015 година програмски координатор на Асоцијација за Здравствена едукациа и истражување- ХЕРА, а работела на повеќе проекти и во други граѓански здруженија и невладини организации од сферата на трудот и социјалната заштита.

Како што стои во биографијата доставена со предлог-составот на владата Царовска била претседател на Македонска платформа против сиромаштија во периодот од 2010 до 2013 година, а член на Европската Мрежа Против Сиромаштија и Националната Мрежа против насилство врз жени и домашно насилство.

Има сертификат за успешно завршена обука – Академски студии – Лидерство и Развој на работа во заедницата, сертификат за помината обука за интерактивна работа со лица во траума, 100 часа, сертификат за специјализиран курс: НВО и социјалниот систем во Германија и Македонија… Посетувала и обуки за родово сензитивно буџетирање, за мониторинг на Националната стратегија за семејно насилство, за Интервенција на првиот погрешен чекор – превентивни програми за работење со деца од улица, за теренска Работа со Адолесценти во најголем ризик… Учествувала и на повеќе конференции на теми од оваа област организирани од домашни и меѓународни организации.

Во биографијата Царовска наведува дека говори англиски и српски јазик.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов