Мико: Условувањето со името за НАТО фрустрира, бидејќи воопшто не се преговара

Од:

САД од секогаш ја поддржуваат Македонија за влез во НАТО, но, проблемот е во тоа што во Алијансата, тоа е еден глас од вкупно 27, а доволен е само еден глас да се блокира членството. Одлуката на Алијансата поканата да биде врачена штом се реши името, иако земјата ги исполни сите услови, е фрустрирачка. Името е поврзано со идентитетот а за идентитетот не се преговара и тие тоа не можат или не сакаат да го видат, изјави американскиот аналитичар Џејсон Мико.

– Како што веќе видовме, потребен е само еден глас да блокира потенцијален член – Грција стави вето на членството на Македонија на Самитот во Букурешт во 2008 година. САД, како и европските членки на НАТО и Канада, постојано од тогаш говореа, и јас го цитирам Расмусен, генералниот секретар на НАТО „покана за членство во НАТО ќе биде упатена веднаш штом прашањето за името е решено“. Во тоа е проблемот. Меѓутоа, за проблемот е збунувачки фактот дека САД, НАТО, ЕУ, ОН, итн. не разбираат или не сакаат да признаат дека идентитетот и името се исти, тие се поврзани. Не може да се промени едното без да се промени другото, а за идентитетот на Македонија и нејзиното име не смее да се преговара. Според мене, многу е фрустрирачко што многу паметни луѓе, избрани и неизбрани, не може да го препознаат или можеби, одбиваат да го признаат тоа. Тоа е прашањето, вели Мико кој е добар познавач на состојбите во регионот за емисијата „Порта“ на сателитскиот канал на МТВ.

За неодамнешната изјава на Брус Џексон дека „со малку среќа“, Македонија ќе биде членка на НАТО во 2013 година, Мико вели оти не постои такво нешто како среќа, туку само напорна работа и реалност.

– Македонија ја врши напорната работа, всушност, Македонија има направено сè што е побарано од неа за да стане членка на НАТО. Сите членки на НАТО ја признаа оваа реалност во април 2008 година на Самитот во Букурешт. Сепак, додаден е уште еден услов за членство на Македонија во НАТО – да го промени својот идентитет со промена на сопственото име. Тоа е нешто што ниту една земја никогаш нема да го направи. Не треба да се бара Македонија да го промени нејзиниот идентитет или име за да влезе во НАТО. Всушност, тој што треба да се промени е НАТО, оценува американскиот експерт.

Во однос на тоа дали Македонија по 21.12.2012 ќе го пронајде своето место во светот и доколку е така, каде е нејзиното место, Мико со став дека тоа е Европа како целина, слободна и во мир, во Југоисточна Европа, каде што таа промовира економска и политичка соработка со своите соседи, до степен до кој таа соработка зависи од Македонија, како и во меѓународните организации каде што придонесува за поголемо добро.

– Пример е континуираниот придонес и ангажман за НАТО во Авганистан. Внатрешно, положбата на Македонија е стабилна, безбедна и достоинствена. Економската ситуација се подобрува и ќе продолжи да се подобрува доколку земјата продолжи да спроведува реформи, ги одржува инфлацијата и долгот на ниско ниво и постојано привлекува странски директни инвестиции. На овие работи им треба време. Земјата нема надворешни воени закани, додека пак, внатрешно, иако постојат одредени прашања од време на време, никој не сака конфликти и сите културни и етнички групи признаваат дека успехот на Македонија ќе дојде од градење на силна, стабилна и просперитетна земја за сите македонски граѓани. На крај, и покрај некои проблеми создадени од страна на „пријателите“ на Македонија, Македонија е признаена од 135 земји под нејзиното уставно име и не постои нормална или морална личност што го негира постоењето на македонскиот народ, јазик, или црква. Само ментално нестабилните го негираат тоа, посочува во интервјуто за „Порта“ Џејсон Мико.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата