Мијатовиќ: Власта да ги истражи заканите за новинарите

Од:

Властите во Скопје треба да овозможат здрава медиумска атмосфера која ќе ја гарантира безбедноста на новинарите, поради неодамнешниот серијал на закани и застрашување на медиумски работници во земјата, порачува Дуња Мијатовиќ, комесар на ОБСЕ за слободата на медиумите.

– Најновите закани за новинари се многу загрижувачки. Медиумите мора да бидат ослободени од закани за да може да се овозможат независни, критички, плуралистички ставови во општеството. Ги повикувам властите итно да ги истражат сите вакви напади – вели Мијатовиќ.

Таа во соопштението потсетува дека неколку новинари изминатава седмица во Скопје и Битола беа вербално нападнати, изложени на закани и/или спречени да ја вршат својата работа.

– Овие инциденти само ја влошуваат веќе загрозената медиумска средина во земјата, каде неодамна се случи апсење и кривична пресуда за новинар, за нарекување новинари странски агент, смртни закани, многу случаи на заплашување. Овој тренд мора да биде сопрен – вели Мијатовиќ.

Комесарот на ОБСЕ за слободата на медиумите вели дека новинарите мора да се поддржуваат едни со други во професиијата.

– Видливите поделби во медиумската заедница само го влошуваат проблемот. Повеќе од кога и да е претходно, постои потреба за солидарност на новинарите, за почит кон нивната професија и за меѓусебно зајакнување – стои во соопштението од Мијатовиќ.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов