Мијатовиќ: Притворот за Кежаровски е прекумерeн

Од:

Вискиот претставник за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска притворањето на новинарот Томислав Кежаровски заради објавување на истражувачка сторија од 2008 година со која го открил идентитетот на заштитен сведок за случај за убиство го оцени како прекумерна мерка на македонските власти.

„Задржувањето на новинар во Скопје за една статија објавена пред неколку години е претерана и негативно влијае на слободата на медиумите“, смета Дуња Мијатовиќ.

Според неа, задржувањето на Кежаровски испраќа негативен сигнал за состојбата на слободата на медиумите во земјата.

“На новинарите мора да им биде дозволено истражувачкото новинарство за прашања од јавен интерес, ослободени од закана затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори”, истакнува Мијатовиќ.

Таа смета дека мерката притвор и во случаи каде што се работи за прашања од доверлив карактер или за заштитени сведоци, мерката притвор за новинар е „прекумерна“

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада